Едноставно се подготвува, а вкусот не се заборава.
Потребни состојки:
- 1 чаша путер од кикирики
- пола чаша јаворов сируп/мед
- 1 лажица екстрат од ванила
- 1 чаша чоколаден чипс (или темно чоколадо)
- 2 лажици кокосово масло
- 3 чаши експандиран интегрален ориз
Подготовка:
- Ставете го путерот од кикирики, јаворов сируп и екстрат од ванила во тенџере на тивок оган да се растопат (убаво да се соединат / може и во микро печка).
- Измешајте убаво и додајте го оризот. Мешајте убаво додека не се премачкаат сите оризови “трошки”.
- На хартија за печење истурете ја смесата. Со задниот дел од лажицата притиснете ја смесата додека не се изедначи убаво.
- На крај ставете ја “смесата” во фрижидер да отстои околу 30-40мин.
- На ниска температура/на пареа додајте го кокосовото масло и чоколадниот чипс (или исецкано темно чоколадо) и убаво растопете. Откако чоколадото ќе се растопи полијте одозгора.
- Повторно ставете ја смесата во фрижидер додека чоколадото не се стврдни (околу 30мин) и на крај уживајте! 🍫🤤
- Може да ги исечкате на помали коцкички или како барови.
Превземено од македонскиот фуд блог theavogue