*спонзорирано

Можеби нема да завршиш со човекот кој твоето срце го одбрало. Можеби животот не функционира така. Можеби нема да го добиеш тоа што го сакаш. Можеби ќе го добиеш она што ти треба и можеби универзумот знае повеќе од тебе.

Можеби љубовта се менува. Можеби „Ќе останам буден и ќе те чекам да ми се јавиш“ ќе стане „Уморен сум, ќе одам да спијам“.

Можеби „Нема зошто да се грижиш“ ќе стане „Престани толку да анализираш“.

Можеби „Те бирам тебе“ ќе стане „Сега морам малку да се одберам себе“.

Можеби љубовта не е чувство кое може да расте заедно со некои луѓе. Можеби ќе станете преголеми за некои луѓе.

Можеби љубовта ќе стане многу непријатна, многу мала и безначајна за да се прилагодите на неа.

Можеби е како џемпер кој го обожавате додека растете, но едноставно го прераснувате.

Научете љубота да ја цените таква – каква што е, но и да го прифатите фактот дека повеќе не ви е мерка.

Научете да ја пуштите.

И можеби пуштањето на љубовта не е некоја причина за голема и гласна веселба, како светлина на крајот од тунел.

Можеби пуштањето на љубовта од себе е момент кога сфаќате дека повеќе не можете да живеете во минатото.

Можеби тогаш едноставно ќе сфатите како работите се прават тивко и смирено, со меко срце и мирна глава.

Време е да почнете да сфаќате дека оставањето на некои работи е најдобратата работа која можете да си ја направите себеси, но и за личноста која ја сакате.

Можеби заминувањето е чувство на мир и прифакање на фактот дека понекогаш работите и луѓето кои те правеле среќен – се менуваат.

Можеби тоа е најхрабрата работа која можеш да ја направиш. Можеби, кога заминуваш не ја правиш најголемата грешка во животот.

Можеби, кога ќе решиш да си одиш од едно место – животот повторно почнува.

Остави коментар

Претходна Следна