*спонзорирано


Денот ми започна сосема вообичаено. За време на вечерата не ми се јадеше и си заминав во мојата соба. Имав некое чудно претчувство. Не можев да заспијам, па одлучив да излезам малку на терасата, на свеж воздух. По 10-тина минути, забележав нешто чудно на небото. Доаѓаше некаква светлина, како што се доближуваше до мене стануваше се поголема и поголема. Кога пристигна не видов, бидејќи почувствував како таа светлина да ме проголта. Ги затворив очите, бидејќи светлината наликуваше на златен прав, како ветер да го раздувал. Кога ги отворив се најдов на сосема различно место, беше величествено тоа што го видов. Еден голем грчки храм. Прекрасно беше. Влегов внатре и сите луѓе ме гледаа како да виделе вонземјанин. Можеби затоа што отпатував во минатото. Облеките им беа чудни, за мене дури и помалку смешни, додека јас имав патики, некои беа боси или со кожни римјанки. Се беше како во стара Хелада, а потсетуваше малку и на римската култура. Јас не разбирав што зборуваат, така да неможев да кажам од каде доаѓам, едвај ме разбраа дека моето име е Џули, после толку мимики. Неколку часа бев со еден советник, кој се трудеше да ме разбере ама се беше бесуспешно. Бидејќи народот се исплаши од мене, помислија дека сум некакво предупредување од боговите за некоја катастрофа,па затоа одлучија да ме однесат во лавиринтот. Јас не ни помислив што ме очекува таму. Ми дадоа еден меч, кој беше потежок од мене и ме натераа да влезам внатре. Беше многу морничаво и страшно место, како во филмовите, само што воопшто не ни размислив дека внатре го има она најглавното, знаете минотаурот (половина човек-половина бик). Татко ми ме воспитуваше секогаш да бидам храбра и одлучна девојка, па решив конечно да ги послушам неговите зборови. Со сигурност и храброст продолжив да одам низ лавиринтот, чувствував како се повеќе и повеќе се губам и дека никогаш нема да излезам оттука. Кога наеднаш слушнав силно рикање, ако може да се нарече тоа така, беше толку бучно, мислев срцето ќе ми застане, чувстував како некој трча и се повеќе ми се доближува, почнав да бегам, а всушност уште повеќе се загубив. Беше скоро невозможно да се излезе од лавиринтот. Веќе се уморив и одлучив да застанам, си реков ионака нема да излезам подобро да видам што ме очекува. После 20-тина минути трчањето и рикањето беа се поблиску, а јас се повеќе се испплашив. Дојде моментот кога помислив дека сум готова, дека за мене е се завршено, но се случи сосем спротивното, затоа немојте да се надевате и многу убави работи ќе ви се случат. Минотаурот се исправи пред мене, беше со глава на бик, толкави рогови никогаш не сум видела, многу се исплашив но ете решив да бидам храбра во тој момент. Минотаурот долго време зјапаше во мене, потоа одлучив да го поздравам, му реков Џули и со раката се удрив во градите. Така тој сфати дека моето име е Џули, потоа тој проговори, а тоа беше најмалку што очекував, ми рече: - ЕГОУ ПОРИФИРИС (кое би требало да значи јас сум Порифирис). Потоа јас му се поклонив за да разбере на некој начин дека ми е мило што го запознав. Седна спроти мене, 2-3 часа ме гледаше, а јас почувствував како да полудувам, 16-годишно девојче, од 21 век, отпатува во минатото, а моментално седи спроти минотаурот Порифирис, значи супер, уште сега ги гледам насловите во весниците дека ќе бидам прогласена за лудача. Сето ова на глас си го размислував, дури почнав и самата со себе да зборувам. А минотаурот т.е ПОРИФИРИС љубопитно ме следеше што зборувам, потоа тој проговори на македонски јазик, а јас само останав вчудоневидена. Си реков јас мора да сонувам, како може тој да го знае овој јазик. Ми рече не грижи се млада девојко Џули, ти си тука за да ми помогнеш, таа светлина што ја виде беше испратена од мојот бог заштитник ЕЛЕНИДО. Ми рече само ти можеш да ме извадиш од овој лавиринт, во кој сум повеќе од 16 години. Тебе те чекам, бидејќи ти си потомок на боговите, ти беше испратена во сонот на Филип II да му кажеш дека син ќе му се роди кој ќе го освои светот. Јас и понатака мислев дека сум во сон, но решив да соработувам и да му верувам на Порифирис, иако тоа што го кажуваше изгледаше како бајка. Тој имаше компас, само што незнаеше како да ракува со него, затоа јас помогнав, по долго време и големи маки, успеавме да дојдеме до излезната врата на лавиринтот. Му требаше повеќе од 1 час да ја сруши и конечно после долго време затворени, излеговме на чист воздух, на виделина што се вели. Минотаурот ми се заблагодари од се`срце, ми го даде неговиот медалјон кој беше во форма на позлатен круг, а во внатрешноста се преливаше светлината што ме донесе тука. Порифирс ми рече дека секогаш ќе биде со мене, и кога и да му затре**м само да дувнам во кругот тој ќе ми го реши проблемот. Потоа ми раскажа дека јас ќе бидам позната во светот по тоа што ќе ја најдам гробницата на Александар Македонски, кој всушнот бил чистокрвен Македонец, барем така ми призна Порифирис. Дека тој е грк било само измислица од страна на народот, кои го пренесувале тоа на нивните поколенија како вид на приказна. Откако се збогував со Порифирис, светлината повторно се појави, и ме проголта, и јас повторно се најдов на мојата тераса, само со медалјонот околу врат. Едноставно не ми се веруваше, истрчав да им кажам на моите, мислев дека се загрижени што ме немало толку долго време, а вусшност ме направија лудача бидејќи ме немало помалку од 10 минути. Не ми се веруваше, а кога го свртев медалјонот имаше порака на него, драга Џули твојата авантура ќе остане тајна, ама за твојата слава ќе дознае целиот свет. - Порифирис. 

Јас само се насмевнав и сфатив дека тоа што го доживеав беше една прекрасна авантура, можеби наликуваше на измислена бајка, но се беше вистинито. И многу би сакала да се повтори, а во врска со тоа дека ќе го пронајдам гробот на Александар Македонски ќе дознаете сами, да не ви откривам детали.



Остави коментар

Претходна Следна