*спонзорирано
Мачка со мустаќи“ е бренд што е создаден доста неочекувано. Кога завршив со студии по филологија, работев како декоратор во популарна продавница и бев убеден дека детскиот сон да работам со животни нема да биде исполнет. Потоа се случи нешто кое го смени целиот мој живот.


„Ја напуштив работата преку ноќ и наместо да барам друга, еднакво омразена работа, купив машина за шиење и со помош на мајка ми (која имаше познавање со кроењето за кое што јас тогаш немав), започнав авантура со мој сопствен бизнис и на некој начин, го исполнив мојот план од детството. Работам со животни, иако ретко ги гледам. Ги среќавам само на сликите што луѓето ми ги испраќаат за да ги насликам на торба или блуза.

На овој начин секогаш можете да го носите со вас вашето сакано милениче. Дури и онаму каде што вистинските миленици немаат пристап! Ако сакате животни, овој бренд е создаден токму за вас! Оваа компанија ја основав за себе, за потребата да имам гаџети што ги нема во продавниците. Сега, единственото нешто што ме ограничува е мојата фантазија за која ми се чини дека нема крај. Се повеќе правам торби, додатоци и облека со кои можете да ја изразите вашата љубов кон омиленото милениче или диво животинче од шумата. И се разбира, се е изработено од метеријали кои вистински не им наштетуваат на животните, лажни крзна и кожи.“, ни раскажа тој.

Еве некои од делата на овој креативен уметник, погледнете и сами и уживајте. Зар не се преслатки?
























Автор: Вероника Г.

Остави коментар

Претходна Следна