* Шерлок Холмс никогаш не рекол, “Elementary, my dear Watson”.
* “ I am.” е најкратката целосна реченица на Англиски јазик.
* Првиот роман напишан на машина за пишување е “Том Соер”.
* Постојат само 4 збора на Англиски јазик кои завршуваат на “dous” : tremendous, horrendous, stupendous и hazardous.
* Авторот на “Чарли и фабриката за чоколадо”, Роалд Дал, за време на своето школување бил ангажиран да тестира вкусови на чоколади за брендот Cadbury (воопшто не сме изненадени од насловот на неговата книга).
* “Алиса во земјата на чудата” на Луис Карол била забранета во Кина. Причината е следна : во книгата на животните им се дадени човечки особини. Тие зборуваат и пишуваат, а тоа според владателот на областа Хунан е “катастрофално”.
* “Stewardesses” е најдолгиот збор што може да се напише на тастатура само со левата рака.
* Ниеден збор во Англискиот јазик нема рима со зборовите month, orange, silver и purple.
* Зборот SWIMS прочитан со “огледало ефект” изгледа како...SWIMS .
* Името на Оз од “Волшебникот од Oз” настанало кога неговиот автор, Френк Баум, го погледнал азбучниот ред на книгите во неговиот кабинет, од A-N и од O-Z.
* Единствен збор од 15 букви кој може да се спелува без да се повтори ниту една буква е uncopyrightable.
* Реченицата “ The quick brown fox jumps over the lazy dog” ги содржи сите букви од Англиската азбука.
* Зборовите “Silent”и “Listen” се анаграм. Ги содржат истите букви и се на некој начин, поврзани.
* Во сите претстави на Шекспир улоги добивале само мажи. Во тоа време било незамисливо жена да прифати улога во театар.
* Најдолгата претстава воопшто напишана е “Стапица за глувци” на Агата Кристи.
* Unputdownable е всушност вистински англиски збор. Означува дека книгата што ја читате е толку интересна што едноставно не можете да ја испуштите од раце.
Задржувајќи се на темата, денес ви го предлагам романот за деца “Петар Пан” на Џејмс Метју Бери. Авторските права од оваа книга во 1929 година се предадени на детската болница Great Ormond Street Hospital во Лондон и долго време претставувале еден од најзначајните извори на приход за болницата.
Господин и госпоѓа Дарлинг имаат три деца, Џон, Мајкл и Венди и одлична дадилка која се грижи за нив. Кучето Нана. Една вечер госпоѓа Дарлинг ги заспива децата и ги остава запалени светилките во детската соба. Препуштајќи ја грижата за децата на Нана, родителите заминуваат на игранка. И тогаш се случува чудо. Во нивната куќа , на прозорецот од детската соба се појавува Петар Пан. Симпатично и разиграно момче кое вечно трага по својата сенка и кое го напушта домот на родителите, мислејќи дека на тој начин никогаш нема да порасне. Со помош на волшебниот прав на неговата придружничка, малата самовила Ѕвончица, сите заедно одлетуваат во една возбудлива авантура во Недојдија, попатно запознавајќи ги Изгубените деца и Индијанците, Сирените од Маѓепсаните Острови и дружината на озлогласениот Капетан Кука...
“Петар Пан” е возбудлива приказна која не е типична за бајка. На крајот нема порака која, како во случајот со бајките, би им се пренела на децата. Авторот во ниеден момент не дава патоказ за тоа какви треба да бидат децата или што треба од нив да се очекува. Напротив, нè запознава со лик кој не сака да порасне, лик кој смета дека со заминувањето во светот на возрасните, децата стануваат здодевни и ја губат својата фантазија. Спротивно на одликите на секое дете, Петар Пан како лик е самобендисан и вообразен, исто како и неговата зајадлива и љубоморна придружничка, која по ниедна карактеристика не наликува на добрите самовили од бајките. Што го прави романот посебен и различен од сите детски романи во тој период, па и во денешно време.
Автор: Ивана Стелла