Дали знаете на балетот, фармерките и очилата, што им е заедничко?
-Сите биле измислени во Италија.
Сега, друг италијански симбол прави наслови како можно решение за огромен еколошки проблем. Во време кога светот бара начини за намалување на пластичниот отпад, сламките од тестенини може да бидат еден од одговорите.
Неодамна на интернет, се појавија решенија кои ги преземаа некои барови во Италија. Пораката се шири како луда. Јасно е дека овие установи треба да работат на замена на пластичните чаши, ако навистина сакаат да го прифатат еколошкиот начин на живот.
Интересно е што веќе постои компанија која продава сламки од тестенини ,,Stroodles”. Тие велат дека нивните сламки траат до еден час и се без вкус.
,,Stroodles не е само компанија за тестенини, таа има многу поголема примена, бидејќи имам чувство дека со ова ќе можам да оставам долгорочно влијание со инвертирање на многу мали промени низ целиот свет, особено кај луѓето кои се помалку свесни за одржливоста и нивните соодветни постапки и однесувања“ изјавил основачот на компанијата Максим Гелман.
,,Така Stroodles е едукативна компанија за поодржливо однесување и размислување, а тестенините се само наш прв ,,канал” на комуникација во нашата мисија да се бориме против пластичниот отпад“, објасни Гелман.
„Со ова сакаме да ги привлечеме помалку еколошките свесни луѓе и да им покажеме, колку е лесно да се направат одржливи промени“.
,,Stroodles” траат 1 час во ладни пијалоци, а колку е постуден пијалокот, толку подолго може да се користат.
Што се однесува до топлите пијалоци, воопшто не се препорачува да пиете топли пијалоци преку слама, поради ризик од самото горење, но доколку се користат како мешалка, т.е. за кафе и за неколку секунди, тоа е сосема во ред.
Баровите во Италија почнуваат да користат тестенини наместо цефчиња за да се намали пластичниот отпад
М. Недева
0 Коментари
Ознаки
занимливости