Ни идат поладни денови - еве неколку совети како да изгледате убаво во текот на оваа есен и зима, избегнувајќи ги грешките што ги прават повеќето луѓе.
Стилистката Катерина Оспина откри неколку вообичаени грешки кои ја прават комбинираната облека да изгледа ефтино.
Избегнувајте светли бои
Колку и да сакате бели пантолони, тие не се баш добар избор во есенските и зимските денови. Стилистката вели дека е најдобро да се одлучите за „есенска боја“ и да носите неколку нијанси со иста боја.
Браун, тегет, сива и бордо боја се одлични бои за есенските денови.
Избегнувајте „преголеми“ јакни и палта
Во есен, луѓето обично купуваат нови јакни и палта, а најголемата грешка што ја прават е тоа што не купуваат облека што го истакнува нивниот облик. Стилистката ве советува да купите јакна или капут што ќе ја истакне вашата линија наместо да скрие и така непотребно ќе изгледате поголеми отколку што сте.
На пример, ниските и слаби луѓе треба да изберат јакна / палто што нема да ги „проголта“, па затоа е најдобро да не биде подолга од висината на колковите.
Не ги игнорирајте деталите
Посветете внимание на деталите. Зашијте го тоа копче што ви се скинало од палтото, јакната... Заменете ја истрошената пета на чизмите, веднаш ќе изгледате префинето и поубаво.
И секогаш бидете сигурни дека облеката што ја носите не е изгужвана.
Не им робувајте на трендовите кога станува збор за чанти
Заборавете на ултра-малите чанти или преголемите, само затоа што се во тренд. Најдобро е да изберете класичен модел во неутрална боја, кој освен што секогаш е тренди, плус изгледа убаво и софистицирано.