*спонзорирано
Ако и вие сте љубители на домашна вкусна храна, подготвена од состојки по ваш избор, пробајте го нејзниот рецепт за мешан мармалад без конзерванси, кој беше објавен и во последниот број на списанието Добра Храна. За да звучи и да е уште подобро, ни го приготви со кафеав шеќер. Супер за целото семејство!



На денешно време пазарите и маркетите изобилуваат со разни производи, но често пати, домашното и со мерак направено ни личи подобро. Пробајте го, нема да се каете. Од предложените состојки ќе добиете мармалад со освежителен и ароматичен вкус кој има умерена блажина.

Состојки:

  • 2 кг зрели праски
  • 2 кг јаболка
  • 2 кг црни сливи
  • 800 г кафеав шеќер
  • свежо цеден сок од половина лимон по желба.


Подготовка:

  1. Најпрво измијте го овошјето.
  2. Праските, кои пожелно е да се позрели за полесно да се лупат, излупете ги и отстранете им ги семките. Потоа, пресечете ги на парчиња.
  3. Јаболката исто така излупете ги и исечете ги на парчиња. По желба или ако се многу тврди, припремените парчиња ставете ги во вода која врие околу 5 минути, а потоа процедете ги.
  4. Сливите пресечете ги на половина, отстранете им ги семките, а потоа и нив исечете ги на парчиња.
  5. Претходно припремените овошја, ставете ги во блендер и блендирајте во неколку наврати зависно од големината на чашата на блендерот. Треба да добиете густа кашеста смеса.
  6. Во поголемо тенџере на оган, ставете ја блендираната смеса да се вари.
  7. Додајте го кафеавиот шеќер и измешајте.
  8. Додека се вари мармаладот, на почетокот може да мешате повремено, а откако ќе се намали количината во тенџерето и мармаладот стане густ, мешајте постојано.
  9. 30-тина минути пред крајот, кога ќе забележите дека мармаладот е скоро готов, исцедете го лимонот и додајте го во тенџерето со мармалад.
  10. Мешаниот мармалад ќе препознаете дека е готов, кога ќе биде и густ и ќе има сјајна површина. Уживајте во фантастичниот вкус и на здравје!





Остави коментар

Претходна Следна