*спонзорирано
Ви се случило ли да го зариете носот во некоја книга, и тоа не фигуративно, туку буквално?



Дали кај вас мирисот на хартија предизвикува чувство на исполнетост? Ако прво ја мирисате, а потоа ја отварате книгата, Bibliosmia или поточно кажано, задоволството што кај нас го предизвикува мирисот на книгата, ви е добро позната. Еве зошто.

Додека “свежо” испечатените книги мирисаат на хартија и печатарска боја, старите книги ги карактеризира необичен мирис кој се должи на Volatile, материја што лесно испарува на собна температура и која се ослободува од книгите со текот на времето.


Научници од University College од Лондон во едно научно истражување успеале да ја издвојат оваа материја од еден француски роман од 1928 година, пронајден во книжарница за употребувани книги. Доброволци со врзани очи прво ќе го мириснеле екстрактот од стари книги, а потоа и седум други неетикетирани состојки, почнувајќи од чоколада и кафе, па сè до риби и валкани крпи.
По завршување на експериментот, учесниците пополнувале прашалник во кој од нив се барало да го опишат мирисот на историскиот роман. Без да знаат која состојка ја мириснале прва, повеќе од 2/3 од 79 испитаници се изјасниле дека мирисот ги асоцира на чоколадо. Кафето е на второ место.


Научниците го објаснуваат тоа на следниов начин: кога не знаеме точно за каков мирис станува збор, настојуваме тоа да го откриеме преку поврзување со други, нам добро познати мириси.

Од што произлегува дека Volatile има сличен мирис на чоколада или кафе. Звучи необично, но чоколадата и кафето содржат ферментирани хемиски состојки како на пример целулоза, која исто така е наоѓа во хартијата што се разградува. Забележувањето одредени мириси не е само начин да откриеме каде се наоѓаме. Истoвремено, на тој начин допираме и до некои заборавени, потиснати спомени. Дали посетата на стари книжари и библиотеки нè потсетува на кафе, чоколадо или нè враќа во минатото, сеедно. Секогаш е пријатно за нашите сетила.


Можеби тоа е една од причините, секако, покрај нејзината неспорна книжевна вредност, што “Проколнати” на Љубомир Јовановски – Кара е апсолутно една од моите омилени книги. Прелистувањето на страниците на оваа книга ме враќа во семејниот дом и атмосферата во која настана  ова, според многумина, ремек – дело.

“Проколнати” навестува историска епопеја на Македонскиот народ во борбата за слобода и самостојност, исклучително актуелни и во денешно време. Но, зад стората (завесата) на театарот на опстанокот и историските збиднувања, се развива истенчен трилер со драматични пресврти. Нарацијата изобилува со метафорични и метафизички сплетки кои и не се далеку од реалните случувања на бурниот век на Балканскиот полуостров. Невообичаена сторија со карактеристичен литературен израз кој предизвикува љубопитност, драматика, неизвесност до последната страница, низа пријатни и непријатни изненадувања. 

По играта на случајот, Виолета Киркова, млада и напредна девојка, запаѓа во пајаковата мрежа на организирани криминогени структури кои своите демонски планови ги реализираат со продавање бело робје ширум Ориентот. Од случката излегува со болни последици: чувството на “задоволство” при самоказнување, пониженост како резултат на одмаздата кон мачителот и душевната траума за настаните кои ќе ја претворат во човечка урнатина. Не помалку страда и нејзиниот избраник, Никола Ѓузелов, кој по налог на одредени кругови на организацијата наречена “Клетка”, треба да изврши егзекуција врз нејзин виден член означен како предавник.  
Судбината ќе ги состави со човекот кој својот младешки живот им ги посветил на авантурите, но и на револуционерните активности во поробената татковина. Стрезо Куков, несудениот кадет на Поморската академија во Марсеј и подоцнежен член на Легијата на странци, поведува приватна истрага за причините на сопствената и трагедијата на млладите. Трагите го водат кон врвот на организираните криминогени структури со кои раководат мистериозни , но и мошне познати јавни личности...
Пред вас стои понуда од авторска вдахновеност, суптилна драматургија и префинет “сенс”. Поинаку кажано,светско - а наше!
Автор: Ивана Стелла

Остави коментар

Претходна Следна