Сепак, една од нив го споделува рецептот за совршен пинџур што може да си го направите сами на шпоретот дома:
Потребни состојки:
- 5 kg црвени, меснати пиперки
- 3 kg домати
- 100 g шеќер
- 150 ml јаболков оцет
- 300 ml сончогледово масло
- 1 голема лажица ситна, морска сол
- 1 помала китка свеж магдонос
- 2 мали лажички лук во прав
Начин на подготовка:
1. За почеток, ќе ви бидат потребни 4 празни, чисти тегли од 750 g или пак 8 od 370 g. Потребно е добро да ги измиете и да ги стерилизирате на топло и секако, да бидат сосема суви.
2. Измијте ги добро пиперките и доматите и испечете ги во голем плех во рерната на 220˚C додека не поруменат. Бидејќи зеленчукот ќе пушта вода, со цел да не ви се „свари“, во текот на печењето исцедете ја водата од плехот и продолжете со печењето (наведената количина зеленчук ќе се испече на 4 пати во рерната).
3. Откако ќе се испече, ставете ги пиперките и доматите во ќеси и добро затворете ги за да се здушат. На тој начин полесно ќе ги излупите. По 2-3 часа, излупете го зеленчукот, вадејќи ги дршките и семето од пиперките. Исечкајте ги заедно со патлиџаните и исцедете ги уште малку низ цедалка, но не премногу, нека остане и малку од сокот.
4. Вака подготвениот зеленчук може веднаш да се свари или пак да се остави преку ноќ во фрижидерот и да се зготви утредента. Префрлете го исечканиот зеленчук во поголемо тенџере. Прво додадете го шеќерот, а потоа течните состојки, маслото и јаболковиот оцет.
5. Доколку ринглата ви е со јачина до 6, зеленчукот се пржи на 4. Се промешува на секои 5-10 минути, а доколку го пржите и подолго нормално треба да се промешува и почесто.
6. Пинџурот ќе биде готов за 50-60 минути. 10 минути пред крајот додадете го лукот во прав како и ситно исечканиот магдонос. Во оваа фаза проверете дали е добро посолен и доколку недостасува, додадете уште сол по вкус.
7. Жешкиот пинџур се префрла во чистите тегли и се враќаат во рерната уште 15 минути на 100˚C. Потоа, исклучете ја рерната и оставете ги уште 30 минути или додека не фатат „кора“ на површината.
8. Извадете ги од рерната, добро затворете ги со капачињата и оставете го пинџурот да се олади на темно и суво место.