Неколку парчиња облека веќе неколку години се хит за есенската сезона. Меѓу нив ќе најдете џемпери, блејзери во сите бои и панталони со висок струк.
Потребно е само да им додадете некој моден додаток за да ја имате совршената комбинација.
Погледнете како да го креирате најдобриот есенски изглед со помош на овие парчиња облека:
Кардиган
Можеби најубавото нешто за ова парче облека е материјалот од којшто е изработено. Удобен, впечатлив и сестран, кардиганот е задолжителен во секој гардеробер.
Балонер
Овие мантили изгледаат уредно, но сепак ќе ви дадат некој опуштен изглед.
Миди фустан
Ова е можеби најженственото есенско парче облека. Никогаш нема да погрешите со миди фустан.
Блејзерот е решение за многу модни двоумења. Совршен е и за деловни, и за лежерни комбинации.
Џемпер во неутрална нијанса
Ова е уште еден фаворит на речиси секоја девојка.
Чизми до глужд
Класични, со необична пета, со везови… Денес можете да одберете од стотици модели на вакви чизмички.
Чизми до колена
Овие елегантни обувки можете да ги носите и со фустани, и со фармерки.
Ролки
Ролките се сè во едно – елегантни, гламурозни и удобни. Можете да ги комбинирате на безброј начини и да ги носите во секакви прилики.
ХХL торба
Во оваа торба ќе можете да ставите што и да ви притреба – документи, шминки и најважното за есента – чадор.
Панталони со висок струк
Овие панталони ѝ ласкаат на секоја фигура и се одлични за слоевито облекување.