Ефектите се доволно големи за да влијаат врз секојдневното функционирање на една личност и можат да бидат лоши и за оние околу нив, кои гледаат дека саканата личност постепено ги губи виталните делови од себе и сеќавањата за нивната врска.
Саканиот сопруг на Ана Данкан Бил живеел со деменција последните 9 години а сега веќе престанал да ја препознава како сопруга. Но, и покрај ова, Ана останала верна на Бил, и само што го добила најслаткиот подарок во нејзиниот живот.
Значи, додека Бил веќе не можел да го сфати нивното минато заедно, тој целосно ја прифатил сегашноста - а љубовта која толку јасно живеела длабоко во неговото срце, повторно се појавила во очи!
Па, иако деменцијата претставува предизвик за секоја врска, тоа не значи дека луѓето не можат да уживаат во целосен, активен живот. Со љубов, грижа, трпеливост и разбирање оние што живеат со деменција може да напредуваат, и да ги изненадат своите најблиски исто како што и Бил! Втората нивна венчавка ги допрела и двајцата и им донела прекрасен и неочекуван подарок од среќа, онаков каков што никогаш не може да се случи без поддршка од семејството и блиските пријатели.
Автор: Вероника Г.