Меѓутоа, дури и оние што виделе сè, понекогаш се шокираат од одредени состојби на животните. Сепак, тие не се обесхрабрени да ја завршат својата работа, затоа што нема ништо повеќе што радува од тоа да ги видите животните кои сте ги спасиле како се опоравуваат од сите тешкотии, заздравуваат и наоѓаат домови. Еден случај, ги натера вработените во Далас ДогРР да бидат горди со тоа што се исплати нивната напорната работа.
Неодамна, волонтерите на Далас ДогРР споделија приказна за малтретирано куче, по име Санфорд. Откако несреќното куче било пронајдено од волонтерите, тоа било сместено во општинско засолниште каде го чувале цела недела без никаква медицинска помош, која што многу му била потребна.
Кога вработените во Далас ДогРР прв пат се запознале со Санфорд, тие го опишале како „скршен“. Санфорд не само што претрпел повреди откако бил удрен со автомобил, тој исто така бил и застрелан.
Тешко повреден, Санфорд, не можел ни да оди. Волонтерите, ја опишале неговата состојба како „апсолутно заболување“ и ветија дека ќе го спасат. „Не можеме да ја замислиме болката која ја има, но ќе се обидеме да му помогнеме“, напишаа тие.
Откако Санфорд бил проверен од ветеринар, се покажало дека тој нема повреди на живот. Како и да е, само со гледање на неговото лице, можеме да забележиме дека 10-годишниот Санфорд поминал многу во животот.
Откако тој бил згрижен, го однеле кај неговата нова ,, мајка”, Карен Веласкез.
„Мислам дека во моментот кога дојде во мојот дом, сфати дека е на безбедно место. Тој се смешка и не може да биде посреќен од тоа.“-изјавила Веласкез.
Сепак, приказната за Санфорд не е завршена, неговиот дом го чека. Ќе биде одлично куче. Тој ќе се дружи со други кучиња и многу луѓе.
,,Тој дури и добро се снаоѓа со децата “, изјави извршниот директор на Далас ДогРР .
Автор: М. Недева